
Nea Flogita
Дуплекс Апп “МиА 1” се наоѓа на 20 метри од песочната плажа на Неа Флогита.
Апартманот се наоѓа на први кат и во својот состав има 2 спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и 2 балкони.
Во спалните соби има по еден брачен и еден единечен кревет и по еден плакар.
Во дневната соба има голема трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред кој е бесплатен.
Кујната е опремена со основен прибор за приготвување на храна, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување.
Од едната спална се излегува на помал балкон (со поглед кон дворот), а од дневната соба и од кујната се излегува на другиот балкон кој што има страничен поглед кон море.
Клима уред и Wi-Fi се вклучени во цената. Сопствениткот не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

► Клима уред бесплатно (ако истиот се користи само кога гостите се во апартманот, во спротивно сопственикот има право да им наплати по 5 евра од ден или да им ја скрати таа услуга.) ► Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла.
► Wi-Fi интернет е вклучен во цена.
Сопственикот не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
14:00
09:00
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот